Шахпаска на конференцијата на МOТ во Женева: Владата ја задржа економската стабилност и спречи губење на работните места

Шахпаска на конференцијата на МOТ во Женева: Владата ја задржа економската стабилност и спречи губење на работните места

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска преку видео-врска вчеравечер, ​се обрати на 109-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржа во Женева, на која ги сподели искуствата на Република Северна Македонија во справувањето со пандемијата Ковид-19 и последиците предизвикани од неа.

Годинешната конференција е во знакот на предизвиците со кои светот се соочува при справувањето со пандемијата Ковид-19.

Истакнувајќи ги двата врвни приоритети на Владата на Република Северна Македонија во изминатиов период, поддршка на компаниите за зачувување на секое работно место и помош на најранливите категории на граѓани за полесно пребродување на кризата, министерката Шахпаска потенцираше дека Владата успеа да ја задржи економската стабилност во државата и да спречи губење на работни места.

„За таа цел креиравме шест пакети на економски мерки во консултација со социјалните партнери. Мерките беа така подготвени да одговорат на суштинските потреби на компаниите, притоа водејќи сметка за почитување на работничките права и грижа за здравјето на работниците. Економско социјалниот совет како трипартитно тело составено од претставници на работниците, работодавачите и Владата беше клучното тело низ кое поминаа, се доуредија, шесте пакети мерки вредни една милијарда двесте и шеесет милиони евра кои ги насочивме на еден транспарентен и инклузивен начин согласно потребите на работниците и работодавачите“, рече министерката, Јагода Шахпаска, во своето обраќање.

Меѓународната организација на трудот е единствената трипартитна агенција на ООН, од 1919 година, и ги обединува владите, работодавачите и работниците од 187 земји-членки.

Главните цели на Меѓународната организација на трудот се промовирање на работничките права, поттикнување на пристојни можности за вработување, зајакнување на социјалната заштита и зајакнување на социјалниот дијалог. Членството на Република Северна Македонија во МОТ ја потврдува и ја помага заложбата на Владата за градење на еднакво општество за сите, почитувајќи ги работничките права и зацврстувајќи го социјалниот дијалог во државата.

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …