Шаќири: Државна матура ќе мора да се полага на 27 мај

Шаќири: Државна матура ќе мора да се полага на 27 мај

Државна матура ќе мора да се полага на 27 мај, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, при денешната посета на Кавадарци.
Тој вели дека за тоа се прават сите подготовки.

Одржувањето на испитите се доведува во прашање поради штрајкот на Државниот испитен центар (ДИЦ), институција надлежна за спроведување на државни тестирања.

„Од почетокот на штрајкот, мојот став е тој, дека не можеме секогаш да ги поврзуваме важните процеси, со некои барања. Тие да, ги поддржувам барањата, но пак мојот конечен став, е, дека државната матура ќе се полага на 27, кога што е предвидено според рокот“, рече министерот.

Тој повтори дека ако е потребно ќе испратат кадар од Министерството во ДИЦ да помогне да се завршат работните задачи.

Таквата можност вчера ја отфрлија од Синдикатот на ДИЦ, кои штрајкуваат три недели барајќи повисоки плати. Претседателката на Синдикатот, Емилија Бошковска вчера изјави дека поради тајноста на материјалите влезот во ДИЦ е забранет за надворешни лица, а во некои простории во Центарот не смеат да влегуваат ни сите вработени во институцијата.

Од штрајкот на ДИЦ се засегнати 15. 620 матуранти кои се пријавени за 27 мај и на 10 јуни да ги полагаат двата екстерни испита.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Општина Прилеп започнува постапка за присилна наплата на неплатени обврски на физичките и правни лица

Општина Прилеп започнува постапка за присилна наплата на неплатени обврски на физичките и правни лица

Соопштение за јавност на Општина Прилеп: Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица …