Шаќири: Повисоки плати за наставниците, нови безбедносни мерки во училиштата, нов е-дневник во новата учебна година

Шаќири: Повисоки плати за наставниците, нови безбедносни мерки во училиштата, нов е-дневник во новата учебна година

Министерот за образование рече дека најголем дел од учебниците кои се одобрени, се веќе испорачани во училиштата, а останатиот дел, односно новите учебници за шесто одделение, ќе бидат доставени откако ќе се испечатат.

Повисоки плати за сите наставници согласно општиот колективен договор, нови безбедносни мерки за училиштата за кои ќе бидат испратени насоки до директорите, како и нов електронски дневник, се само дел од новините кои ќе се реализираат во новата учебна година, најави денеска на прес-конференција министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој не кажа за колку точно основци и средношколци утре ќе започне учебната година, ниту пак колку деца се запишале во прво одделение.

„Учебната година ќе започне утре, а ќе трае до 17 јуни, а основците и средношколците ќе имаат пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 мај, што е практика во другите земји. Оваа новина ќе донесе подобри резултати во учењето. Во летото се подготвувавме со локалната власт, за успешен старт и тек на новата учебна, како што наложуваат новите наставни планови и новините“, рече Шаќири.

Во врска со најавениот нов електронски дневник за кој Мета веќе пишуваше, тој повтори дека новото софверско решение треба да ги елиминира проблемите со кои наставниците се соочуваа во минатото.

„Периодов системот се тестира, се прават и обуки на наставници. Исто така, ќе има и нови безбедносни мерки во училиштата, со МВР ги дефиниравме потребите, па наскоро ќе има насоки за сите училишта“, најави тој.

Тој повтори дека најголем дел од учебниците кои се одобрени, се веќе испорачани во училиштата, а останатиот дел, односно новите учебници за шесто одделение, ќе бидат доставени откако ќе се испечатат.

„Има и материјали за учење од Бирото за развој на образованието, за трето и за шесто одделение, наменети за наставници и за ученици. Тие се достапни во електронска форма на сајтот на Бирото“, кажа министерот.

Тој информираше дека за една година одобрени се 150 учебници, најголем дел од средното стручно образование, кои најави дека етапно ќе се печатат и дистрибуираат.

„Во 2022 година платите во образованието беа зголемени за 18,4 отсто. Како резултат на дискусиите со СОНК, ќе има ново зголемување на платите гоинава, согласно општиот колективен договор и минималната плата во земјата“, рече Шаќири.

Тој потенцира дека се важни и можностите за кариерен развој на наставниците и информира дека МОН објавува повици за унапредување во звање ментор.

„Од јуни реализирани се обуки за 17.200 наставници. Со тоа се јакнат нивните компетенции, а тоа ќе придонесе да имаме уште поквалитетни ученички генерации“, рече министерот.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го …