Шарпланинецот Астор стана сопственик на титулата „Млад светски шампион“

Шарпланинецот Астор стана сопственик на титулата „Млад светски шампион“

15 месечното куче Астор од расата Шарпланинец, на сопственикот Рубин Талески од Прилеп, на неодамнешната светска изложба која што се одржа во Амстердам, Холандија, ја освои титулата „Млад светски шампион“ за расата Шарпланинци.

„На изложбата која од 9-12 август се одржа во Амстердам, учествуваа 33.500 кучиња од целиот свет. Заедно со кинолошкото друштво „Прилеп“ и Кинолошкиот сојуз на Македонија, со голем ентузијазам, го подготвивме кучето и го прифативме прдизвикот да учествуваме на престижното натпреварување. На ова натпреварување, моето куче во својата категорија стана млад светски шампион. Кучето потекнува од најстарата одгледувачница од оваа раса во Прилеп, чии родители постигнувале високи резултати на светско ниво“, истакнува Талески.

Она што треба да се напомени, е дека покрај светската титула, Астор е млад шампион на уште 7 други земји. За време на престојот во Холандија, покрај учеството на светската изложба, кучето се натпреварувало на државниот шампионат на Бенелукс, каде го освоило првото место. Два дена подоцна, учествувало и на специјалната изложба за втора класа, категорија во која спаѓа и Шарпланинецот, каде исто така станало млад шампион. Потврдата за апсолутниот триумф стигнала последниот ден од натпреварувањето, кога Астор станува „Млад светски шампион“.

Шарпланинецот е македонска раса на куче, кое во Светската федерација е признато како југословенско куче и претставува заедничка национална гордост на Македонија и Србија.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …