Шекеринска во Струга: На 30 септември имаме шанса за европска иднина

Шекеринска во Струга: На 30 септември имаме шанса за европска иднина

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска е во посета на општина Струга каде ќе има средби со граѓани, и ќе одржи трибина.

Во изјава за медиумите Шекеринска рече дека граѓаните на Република Македонија 27 години по првиот референдум имаат историска одговорност и шанса да ги отворат вратите Македонија да стане просперитетна држава, членка на ЕУ и НАТО, дел од најмоќните и најпросперитетните семејства во светот. Таа посебно им се обрати на младите, да ја искористат шансата на референдумот, бидејќи одлучуваат за сигурна иднина за себе.

– Ова е шанса младите да растат со еднакви можности како нивните врсници во Европа. Да живеат во држава со повеќе шанси за образование, не само во Македонија туку и во Европа, подобро здравство, повеќе и подобро платени работни места – рече Шекеринска.

Министерката рече дека примерите од соседството најдобро покажуваат колку се зголемуваат можностите со членството во ЕУ и НАТО – во Бугарија неколкукратно се намали невработеноста, во Романија тројно се зголемија платите, во Црна Гора за 6 месеци има два и пол пати повеќе инвестиции во споредба со периодот кога не беше членка на НАТО.

– Ова се шансите кои стојат пред младите и сигурна сум дека ќе ги искористат. Но ова е обврска и за мојата генерација и за повозрасните, да направиме се, да не ги оставаме старите проблеми на нашите деца. Нашите деца и внуци да живеат во подобра држава, која што ќе биде дел од европското семејство – рече министерката.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …