Шерифовски и Чакаровски ќе настапат на Европското првенство во џудо во Софија

Македонските репрезентативци Еди Шерифовски (категорија до 81 килограм) и Андреј Чакаровски (90 кг), ќе настапат на Европското првенство кое од 29 април до 1 мај ќе се оддржи во Софија, Бугарија. Согласно првичниот распоред, се очекува македонските џудисти да настапат вo сабота и недела.

Македонската делегација во Софија ќе ја предводат претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски и селекторот Горан Мицкоски.

Покрај настапот на двајцата џудисти, престојот на првенството ќе биде искористен и за работен состанок помеѓу претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски и на претседстелот на Европската Џудо Унија (ЕЏУ), Ото Кнеитингер. На работниот состанок кој е на иницијатива на претседателот на ЕЏУ, Кнеитингер, ќе се дискутира за стратешкото планирање за развој на џудото во Македонија, како и организација на некој од следните големи европски натпревари во Македонија.

Прочитајте повеќе

Европскиот олимписки младински фестивал ќе се одржи во Скопје, Македонија ќе биде домаќин на најдобрите европски млади спортисти

„Привилегирани сме што ја имаме оваа неверојатна можност и извонредна обврска да бидеме домаќини на …