несреќа сообраќајка сообраќајна

Шест лица се повредени во сообраќајната несреќа на автопатот Велес-Скопје

Во сообраќајната несреќа која утринава се случи на автопатот Велес – Скопје кај месноста викана „Кула“, повредени се шест лица. Од нив, една жена е потешко повредена и однесена е на скопскиот Ургентен центар, додека останатите петмина кои се со полесни повреди, префрлени се во болницата во Велес.

Од велешката полиција информират дека несреќата се случила помеѓу пет возила, а најверојатна причина е лизгавиот коловоз.

Прочитајте повеќе

Тешка битка со огнот во Богомила и Пелагонија

Тешка битка со огнот во Богомила и Пелагонија

Најтежок ден од сезонава на пожари беше регистриран во четвртокот (13 август), кога огнените фронтови се …