Шест новозаболени од коронавирус, следната недела Општина Прилеп ќе ги исплати субвенциите за инвертори и велосипеди
DCIM100MEDIADJI_0019.JPG

Шест новозаболени од коронавирус, следната недела Општина Прилеп ќе ги исплати субвенциите за инвертори и велосипеди

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, четврток 14-ти мај:

  1. Во општина Прилеп денеска се евидентирани 6 нови случаи на КОВИД-19, а до овој момент нема информации за новоизлекувани од заразната болест;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица, од кои 13 се позитивни на коронавирус. Во делот за изолација се наоѓаат 6 пациенти. Од нив, тројца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 168 лица;
  4. Во изминатото деноноќие забележани се 4 нарушувања на полицискиот час.

Истовремено, од Општина Прилеп информираат дека во завршна фаза е постапката за исплата на субвенциите за набавените инвертори и велосипеди. Останува членовите на комисијата формирана за таа намена, да ги посетат домовите на преостанатиот дел од граѓаните кои конкурирале за субвенции за инвертори. Со тоа, ќе се создадат услови во текот на следната недела, Општина Прилеп да ги уплати субвенционираните средства на сметките на граѓаните.

Прочитајте повеќе

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре поради протест ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје. „На 14.03.2026 во 12:05 …