Шестмина загинати откако автомобил влетал на карневал во Белгија

Шестмина загинати откако автомобил влетал на карневал во Белгија

Шест лица загинале, а повеќе од 20 биле повредени кога автомобил влетал во толпа посетители на карневалот кој се одржувал во мало гратче во јужна Белгија.

Инцидентот се случил во градот Стрепи-Бракуегнис, на околу 50 километри јужно од Брисел, каде рано утрово се собрале околу 150 луѓе, на годишната фолклорна парада.

„Имаме неколку десетици повредени и за жал неколку мртви, изјави градоначалникот Жак Гобер“, пренесува Скај њуз.

Надлежните изјавија дека автомобилот дошол од позади со огромна брзина.

Се уште не е јасно дали инцидентот бил намерен. Градот го активираше својот план за итни случаи. Инцидентот се случил околу 5 часот наутро за време на традиционалната церемонија на карневалот.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …