Шимпанзото Коко

Шимпанзото Коко го прослави 26-тиот роденден со вкусна торта (ВИДЕО)

Популарното шимпанзо Коко наполни 26 години, а вработените во Зоолошката градина Скопје му приредија вкусно изненадување.

„Роденденот го прослави заедно со својата Зоо негувателка Билјана со која се родени на ист ден. Подароци и торти направени од ориз, јатки и овошје покрај славеникот, добија и останатите шимпанза“, објавија од Зоо Скопје.

„Среќен 26-ти роденден Коко. И понатаму да бидеш најсакан од сите нас, особено од екипата што се грижи за тебе – му посака Тина Мицковска“, заменик директорката на ЗОО-Скопје.

Шимпанзото Коко, во јули 2019 година се врати по 10 години ресоцијализација во Холандија, а со него дојдоа и трите шимпанза Мими, Роси и Хјасл.

На 1 јануари следната година во Зоо Скопје ќе се слави уште еден роденден. Што мислите, кој ќе биде славеникот?

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …