Ширење на новогодишната магија на 4 тркала низ Скопје и подароци за децата од улица

Центарот за современи уметности ја реализира „Среќна Нова Година Скопје“ – предновогодишна уметничко креативна акција, за на граѓаните на Скопје да им го долови новогодишниот дух и новогодишната магија како и да ги изненади и израдува ранливите категории деца на улица со новогодишни пакетчиња и слични подароци.

Новогодишно украсената „лада нива“, возејќи низ градот им дели новогодишни пакетчиња на децата од улица и други ранливи категории, а за некои од останатите деца ќе има и по еден скромен примерок на приказната „Девојчето со ќибритчињата“ од Ханс Кристијан Андерсен, „со желба преку оваа тажна приказна да ја поттикнеме нивната хуманост и солидарност и она што го имаат доколку се во можност да го споделат со своите врсниции и другарчиња кои немаат доволно“, велат од Центарот за современи уметности.

Акцијата која започна вчера, а ќе се одвива и денеска и утре, е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Прочитајте повеќе

Љупчо Николоски: Ако сакаме нашите граѓани да бидат спокојни, мора да покажеме дека сме обединети околу најважните и стратешки приоритети во земјоделието

Отворено писмо од министерот Љупчо Николовски до Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата …