Шолц: Интеграцијата на Западен балкан во ЕУ е наш стратешки интерес

Шолц: Интеграцијата на Западен балкан во ЕУ е наш стратешки интерес

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на пленарната седница на Бундестагот, на која присуствува и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, изјави дека пред состанокот на Европскиот совет предвиден за идниот месец ќе отпатува за Западен Балкан, за да ја пренесе пораката дека иднината на регионот е во Европската унија.

Шолц пред пратениците потсети дека шест земји од Западен Балкан имаат аспирации за членство во ЕУ и тоа веќе се во повеќегодишен реформски процес.

„Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет. Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е и во нашите стратешки интереси”, рече Шолц нагласувајќи ја присутноста на влијанија на „надворешни сили” врз регионот, вклучително и Русија.

Во своето обраќање, Шолц ја нагласи и потребата од финансиска помош на Украина, потсетувајќи на изгубените животи, домови и уништената инфраструктура во чие опоравување ќе треба да помогнат сите чинители.

Прочитајте повеќе

ДЗР: Не функционираат речиси половина од технолошко-индустриските развојни зони

ДЗР: Не функционираат речиси половина од технолошко-индустриските развојни зони

Државниот завод за ревизија (ДЗР) објави извештај за ревизијата на финансиските извештаи и усогласеноста на …