Како дел од агендата на редовната четврта седница на Владата која што денеска ќе се одржи во Штип, премиерот Спасовски и министрите ќе имаат серија активности во Штипскиот регион.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски како дел од неговите активности во пресрет на владината седница, во 12:30 часот во Штип ќе изврши увид во работата на пречистителната станица „Злетовица“ во населбата „Баби“.
Во текот на денот и во рамките на овие теренски активности пред одржувањето на владината седница, заменичката претседателка во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс ќе ја посетат штипската касарна „Јане Сандански“, во која се реализира обука под менторство на припадниците на вооружените сили на Обединетото Кралство.
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски во придружба на заменичката претседателка задолжена за координација со економските ресори, Мила Царовска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, ќе ја посети текстилната компанија „Албатрос“ во Штип, каде што ќе оствари средба со менаџментот и вработените во фабриката. На оваа средба ќе присуствуваат градоначалникот на општина Штип, Благој Бочваров и претставник на Организацијата на работодавачите, како и претставник на здружението „Гласен текстилец“.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место