Што научивме од разговорите меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија?

Што научивме од разговорите меѓу САД и Русија во Саудиска Арабија?

Американски и руски официјални лица ги завршија првите разговори за ставање крај на војната во Украина, што Киев и неговите европски сојузници нервозно ги гледаат од страна.

Високите претставници на Соединетите Американски Држави (САД) и на Русија ги завршија првите разговори за ставање крај на војната во Украина, при што Москва изрази нови барања за одржување опсежни разговори за речиси тригодишниот конфликт да се приближи кон финиш.

Речиси петчасовниот состанок во Ријад е дел од големиот дипломатски притисок на Соединетите Држави да ја завршат војната. Американските официјални лица го оквалификуваа како „истражувачки дискусии“ кои би можеле да го отворат патот за потенцијална средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

По завршувањето на разговорите во главниот град на Саудиска Арабија, руските власти рекоа за новинарите дека разговорите се добредојден прв чекор. Главниот советник за надворешна политика на Русија, Јуриј Ушаков, кој беше дел од руската делегација, рече дека средбата „поминала добро“.

Ушаков, исто така, рече дека двете страни се договориле преговарачите да разговараат за Украина и накратко разговарале за условите потребни за средбата Путин – Трамп.

Тој додаде дека одлуката за започнување подлабоки разговори со САД за Украина на крајот ќе треба да ја донесе самиот Путин.

„Ние сме подготвени за ова, но сè уште е тешко да се зборува за конкретен датум за средба на двајцата лидери“, рече Ушаков, пренесе агенцијата Асошиејтед прес.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека делегациите на двете земји се согласиле „да ги отстранат пречките“ во нивните односи со цел да ги нормализираат дипломатските односи по долгогодишни тензи.

Американскиот државен секретар Марко Рубио, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други американски и руски претставници присуствуваа на состанокот со саудиска делегација во Ријад на 18 февруари.

Портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, изјави дека Москва и Вашингтон, исто така, се согласиле да назначат тимови на високо ниво за преговорите за Украина, „работејќи на тоа да заврши конфликтот во Украина што е можно поскоро на начин кој е траен, одржлив и прифатлив за сите страни“.

Таа додаде дека двете земји ќе ја истражуваат „идната соработка“, но предупреди дека точната временска рамка сè уште е нејасна, истакнувајќи дека „еден телефонски повик проследен со една средба не е доволен за воспоставување траен мир“, велејќи дека разговорите во Ријад се ран чекор во подолг процес.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

САД притискаат за брз договор за крај на војната во Украина

САД притискаат за брз договор за крај на војната во Украина

Американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио го зголемува притисокот врз Украина и Русија брзо …