Што се случи утрово во Ѓорче? Рекордна загаденост на светско ниво

Што се случи утрово во Ѓорче? Рекордна загаденост на светско ниво

Апликацијата ,,Мој воздух“, преку која се информираме за загаденоста на воздухот во Скопје и во Македонија, изутринава покажа неверојатни 1999 ПМ10 честички во воздухот во населбата Ѓорче Петров! На приложениот дијаграм може да се забележат енормни амплитуди со посебно високи вредноси во периодот меѓу 6 и 7 и помеѓу 9 и 10 часот.

Што се случи утрово во Ѓорче? Рекордна загаденост на светско ниво

Во моментов, според интернет страната Мој воздух, мерната станица во Ѓорче не праќа информации.

Што се случи утрово во Ѓорче? Рекордна загаденост на светско ниво

 

До овој момент нема официјално соопштение што се случува на теренот и дали станува збор за дефект на мерната станица или сепак резултатите и вредностите се реални.

Напоменуваме дека според меѓународните стандарди вредноста на толеранција за честичките пм-10 изнесува 50 µg/mза 24 часа.

AQI – Air Quality Index, е нова мерка воведена во МојВоздух која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на една станица, прикажувајќи ја загаденоста на Европската скала за Common AQI од 0 до 100. Мерка под 25 означува многу ниска загаденост, под 50 – ниска, под 75 – средна, под 100 – висока, и над 100 – екстремно висока.

Од шест инструменти за мерење на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, во моментов надвор од функција се два, на мерното место во Гази Баба и во Лисиче.

Извор: Алсат

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …