Бугарските медиуми го пренесуваат предлог-решението на Демократска Бугарија (ДБ), една од членките на владејачката коалиција во Бугарија.
Предлог-решението треба да изнесе повеќе услови, и ако се усвои денеска може да доведе до кревање на ветото од Бугарија на состанокот на Европскиот Совет што почна вчера, а продолжува денеска во Брисел.
Прво, според предлог-резолуцијата, за поддршка од Бугарија на кој и да било чекор во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија, земјава мора да ги исполни овие услови:
1. Ефективно исполнување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година и Протоколите (записниците) од седниците на Заедничката меѓувладина комисија, според член 12 од овој договор;
2. Гарантирање на правата на Бугарите во Република Северна Македонија, вклучувајќи и низ нивно внесување, заедно со другите народи, во Уставот на Република Северна Македонија;
3. Присуство на европски гаранции за исполнување на условите во точките 1 и 2.
За таа цел владата на Република Бугарија треба да ги одобри предложените од Претседателството на Советот на ЕУ нацрт за Преговарачка рамка и Заклучоци на Советот, при исполнување на следните услови:
- Прецизирање на текстот на нацртот на Заклучоците на Советот, така кшто да се гарантира внесувањето на Бугарите во Уставот на РСМ во дефинициите во коишто се споменати други народи и на рамноправна основа со тие народи;
- Подобрување на предложените нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучоци на Советот со цел на појасно изразување на ситуацијата, дека ништо во процесот на приклучување на РСМ во ЕУ не може да биде толкувано како признание од Република Бугарија за постоење на „македонски јазик“;
- Гаранции дека добрососедството останува хоризонтален критериум во рамките на целио процес на приклучвуање на РСМ кон ЕУ, за чиешто исполнување ЕК го информира Советот пред секоја Меѓувладина конференција;
- Вклучување на референци на двостраните протоколи од чен 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во Прегаварчката рамка“, се вели во предлог-резолуцијата со која што се повикува Владата да го одобри нацртот на Преговарачката рамка, односно да го крене ветото.
Извор: МЕТА