Шукова: За бегството на Груби одговорноста ја сносат Тошковски и МВР

Шукова: За бегството на Груби одговорноста ја сносат Тошковски и МВР

За бегството на Артан Груби одговорноста треба да си ја сносат МВР и Тошковски. Редно време е власта да почне да се однесува како власт, а не како опозиција и за сите пропусти кои им се случуваат да обвинува некој друг, рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, во дебатната емисија „Анализа“ на 24 телевизија.

  • Ова не е прв ваков случај. И летото имаше случај на бегство преку граница. Затоа тука е МВР да подигне кривична пријава, судската власт, извршната власт. За бегството одговорноста треба да си ја сноси МВР, рече Шукова.

Таа се осврна и на партизацијата во институциите, велејќи дека секој би бил среќен ако новата влада работи на принципи кои ги очекуваа сите граѓани, да се бори за правда, за намалување на корупцијата и криминалот, меѓутоа, деновиве јавноста на големо бруи за партизацијата која ја спроведува оваа власт во сите институции.

  • Еве да го земеме предвид сеуште нерасчистениот пример за директорот на АНБ, Бојан Христовски. Потоа имаме членови на судски совети кои доаѓаат од редовите на ДПМНЕ. Еден случај ја бранува јавноста неколку недели, и на јавноста не и се дава одговор зошто некој кој ги нема документите, а на таква висока позиција. Граѓаните не го добиваат она што се надеваа а гледаме силна партизација во клучните сектори, рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Прочитајте повеќе

Бројот на починати деца на Клиника е алармантен, СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди

Бројот на починати деца на Клиника е алармантен, СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди

Прес конференција на Белкиса Зеќири, членка на Извршниот одбор на СДСМ Почитувани граѓани, Неделава јавноста …