Швајцарија воведе двонеделен карантин за патниците од Западен Балкан

Швајцарија воведе двонеделен карантин за патниците од Западен Балкан

За патниците кои пристигнуваат во Швајцарија од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово од денеска е воведен задолжителен двонеделен карантин. Албанија е единствената земја од Западен Балкан што не се најде на ажурираната листа на швајцарскиот Завод за јавно здравје, на која во моментов се наоѓаат 16 земји од целиот свет. Единствените земји кои се тргнати од швајцарската листа се Белорусија и Шведска, чии граѓани во наредниот период нема да треба да одат во карантин по нивното влегување во Швајцарија.

За македонската дијаспора во Швајцарија ова практично значи дека ќе можат да допатуваат без никаков проблем на аеродромите во Скопје и Охрид, но штом се одлучат да се вратат назад во Швајцарија, ќе бидат приморани како и сите други патници да одат во 14-дневна домашна самоизолација.

Сите оние кои планираат патување во Швајцарија, своето доаѓање треба да го пријават во надлежната кантонална институција. Казни од 10.000 швајцарски франци се предвидени за оние граѓани кои ќе се обидат да го избегнат карантинот или нема да го пријават нивното доаѓање во Швајцарија кај властите.

Швајцарија од 6 јули почна да воведува задолжителен двонеделен карантин за патниците кои доаѓаат од одредени земји од светот, поради порастот на бројот на новозаболени лица од Ковид-19.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Камала Харис

Камала Харис објави извештај за нејзиното здравје, прашање е дали Трамп ќе го стори истото

„Накратко, потпретседателката Харис е во одлична здравствена состојба“, напиша во писмото доктор Џошуа Симонс Потпретседателката …