земјотрес

Силен земјотрес ја погоди Албанија, најмалку 6 загинати и 300 повредени лица

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтеровата скала, утринава нешто пред 04.00 часот ја погоди Албанија. Епицентарот на земјотресот бил меѓу Драч и Тирана, на длабочина од околу 10 километри.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=xE1V6-e1oAE&feature=emb_logo

Првичните информации зборуваат за најмалку 6 мртви и 300 повредени лица, но не се исклучува можноста овие бројки да растат. Поради огромно оштетување на терминалот, затворен е аеродромот во Тирана, а денеска нема да работат ни училиштата.

Земјотресот се почувствува и во Македонија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Италија.

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …