Силен земјотрес во Јапонија, предупредување за цунами

Силен земјотрес во Јапонија, предупредување за цунами

Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе североисточниот брег на Јапонија.

Јапонските власти по земјотресот издадоа предупредување за цунами. Епицентарот бил источно од јапонскиот остров Хоншу.

Земјотресот потресе големи делови од источна Јапонија, вклучително и главниот град Токио каде силно се тресеа згради. Ројтерс јавува дека земјотресот бил толку силен што на луѓето им било тешко да стојат.

Асошиетед прес јавува дека засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Истиот регион во 2011 година беше погоден од силен земјотрес проследен со цунами, што ја предизвика нуклеарната катастрофа во Фукушима.

Компанијата Токио Електрик Пауер, која управува со нуклеарната централа Фукушима, соопшти дека работниците проверуваат можна штета.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …