Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Силна експлозија во центарот на Белград, еден загинат и двајца повредени

Утрово, нешто пред 10 часот, се случи силна експлозија пред зградата на српската државна телевизија РТС во Белград, во која едно лице загина, а две се тешко повредени.

Според РТС, експлозијата се случила на улицата Абердарева пред зградата на РТС, каде што работниците работеле на реконструкција на инсталациите. Меѓу самите работници има повредени.

Неофицијално, Српската државна телевизија информира дека експлодирала боца со гас и дека експлозијата се случила кога работниците носеле боци со гас.

Силината на експлозијата уништила неколку службени автомобили на РТС, а прозорците на зградата испукале.

Пожарникарите и екипите на итната медицинска помош се на терен.

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …