Силно полициско обезбедување во пресрет на чествувањето на Гоце Делчев

Силно полициско обезбедување во пресрет на чествувањето на Гоце Делчев

Под силно полициско обезбедување денеска делегации, функционери, политичари и граѓански здруженија со полагање цвеќе на гробот во Црквата Свети Спас, денеска ќе го одбележат раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Полициска контрола на приодите кон Свети Спас
Според досегашните најави почит пред гробот на Гоце Делчев ќе оддадат претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав ќе бидат и првиот вицепремиерАртан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и делегација на Собранието. Еден час подоцна се очекува почит да оддаде и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Бугарското МВР најави дека цвеќе на гробот на Делчев во Скопје ќе положат бугарскиот министер Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.

Во пресрет на чествувањето на годишнината, настан кој е оквалификуван дека е од висок ризик, засилено е полициското обезбедување околу „Свети Спас“, при што полицијата ги контролира пристапите до црквата. Полициски сили се распоредени во поширокиот реон околу црквата „Свети Спас“ и по целата должина на улиците кои водат до неа. Пристап имаат само лица со дозволи.

Полициски обезбедување на Кале во пресрет на одбележувањето чествувањето на Гоце Делчев
Полициски обезбедување на Кале во пресрет на одбележувањето чествувањето на Гоце Делчев

Скопската полиција апелираше до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел осигурување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во црквата „Свети Спас“ денеска ќе им биде дозволен пристап само на најавените делегации, а сите други делегации и граѓани кои не се најавени, нема да можат да положат цвеќе за време на државната свеченост.

Надлежните упатија апели за мирно и достоинствено одбележување на годишнината.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе ги соопшти имињата на министрите

ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе ги соопшти имињата на министрите

Мандатарот Христијан Мицкоски најави дека составот на новата влада ќе биде доставен во Собранието во …