инфлација супермаркет

Синдикалната кошничка во март изнесувала 32.852 денари

Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, на едно четиричлено семејство во март му биле потребни минимум 32.852 денари за храна, комунални трошоци, превоз и друго.

Најмногу пари или 13.798 денари биле потребни за храна, додека за комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.414 денари.

За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.324 денари, а за превоз 2.154 денари.

За облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни активности 1.070 денари.

Од друга страна пак, просечната плата изнесува 24.517 денари.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Буџетот под притисок: спор околу дупката во државната каса

Буџетот под притисок: спор околу дупката во државната каса

Буџетскиот дефицит, економскиот раст и задолжувањето повторно се во фокусот на јавната дебата,откако министерката за …