Синдикатите денеска ќе ја блокираат Владата, протестот закажан за 11 часот

Синдикатите денеска ќе ја блокираат Владата, протестот закажан за 11 часот

Денеска во 11 часот синдикалните претставници во име на работниците ќе ја блокираат Владата, како дел од втората фаза синдикални активности за зголемување на работничките плати.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, најавувајќи ги блокадите, изјави:

„Сојузот на синдикатите на Македонија го започнува третиот дел од втората фаза синдикални активности за зголемување на работничките плати со блокада на Владата. Владата ќе биде блокирана од точно 21 човек, затоа што согласно Законот за јавни собири тоа е законскиот минимум за да ја блокираме некоја институција или некоја сообраќајница. Ќе бидеме 21 човек и затоа што некој кажа дека ќе ги заокружуваат луѓето што протестираат, дека ќе ги оцрнуваат луѓето што ќе протестираат и дека на таков начин сакаат да упатат порака до секој еден кој смета дека треба да излезе на улица и да даде поддршка на работниците, односно да се поддржи самиот себе во борбата за зголемување на платите.

Последната од блокадите пред Владата е токму поради тоа што Владата заедно со газдите не се договорија до 31.12.2025 година за зголемување на минималната плата и за зголемување на останатите работнички плати. Владата ги остави работниците за минимална плата да се договараат со газдите“, истакна Трендафилов.

Како што велат од ССМ, денешната блокада ќе биде пред Влада, затоа што оваа Влада ги блокира работничките плати долг временски период, за кој вредноста на синдикалната кошница е зголемена за 9.250 денари, односно едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250 денари.

Прочитајте повеќе

рек битола ЕСМ

СДСМ: Новиот директор на РЕК Битола – уште една алка од бизнис шемата на Мицкоски

Соопштение за јавност на СДСМ Назначувањето на пензионерот Иван Куковски за директор на РЕК Битола …