клинички центар

Синдикатите и Министерството за здравство постигнаа договор за покачување на платите

Синдикатите од здравство кои неколку часа пред најавениот протест, беа на средба во Министерството за здравство, велат дека постигнале договор. Според договореното, бруто покачување со мартовската плата од три илјади денари ќе имаат сите сестри, а две илјади денари за сите останати од помошно-техничкиот персонал, администрација и доктори.

Ова го изјави Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на Клинички центар по состанокот со заменик министерката за здравство и шефот на Кабинет на министерот за здравство.

Серафимовски рече дека и од Министерството за здравство треба да излезат и да го потврдат овој договор.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски рече дека со притисок се успеало да се дојде до изнудување на потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност. Тој нагласи дека со неговото непотпишување ќе се доведеле во ситуација 11 илјади вработени во здравството да бидат изедначени со минималната плата.

„Очекуваме дека денешниот договор во најкраток период, во тек на наредната недела, ќе биде и официјализиран со потпишување“, рече Каранфиловски.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …