Под мотото „Симнуваме капа“, синоќа во Центарот за културата во Битола свечено беше отворено 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Главна личност на вечерта беше легендарната италијанска актерка Клаудија Кардинале, која ја доби специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, додека меѓу присутните на фестивалот „Браќа Манаки“ беше и британскиот кинематографер, оскаровецот Роџер Дикинс, кој ја понесе наградата за „Златна камера 300“ за животно дело.

„Кога стојам овде пред вас, чувствувам дека сум на погрешната страна од камерата. Повеќе би сакал да бидам зад неа. Мислам дека Фестивалот трае исто толку години колку што јас снимам филмови. Многу ми е драго што сум дел од оваа историја, затоа што познавам многу луѓе што предтходно биле тука, но јас досега немав можност да дојдам“, истакна Дикинс во своето обраќање.

На македонската актерка Милица Стојанова, годинава и беше доделена наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија.

За прв пат откако ја извршува функцијата, претседателот на државата Ѓорге Иванов не беше присутен на отворањето Интернационалниот филмски фестивал “Браќа Манаки”.