Камери Безбеден град

Системот „Безбеден град“ од утре се вклучува на регионот во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Од утре, 12 октомври, камерите од системот на МВР „Безбеден град“ ќе бидат вклучени и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од МВР, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Оттаму апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван.

Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период лани бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно има 34 жртви помалку.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Митовски до Владата и АХВ: Дајте ни законски механизам за проблемот со добитокот во Крива Паланка

Митовски до Владата и АХВ: Дајте ни законски механизам за проблемот со добитокот во Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на денешната прес-конференција упати итно барање до Владата …