Сите обвинети за пожарот во Кочани се изјаснија дека не се чувствуваат виновни

Сите обвинети за пожарот во Кочани се изјаснија дека не се чувствуваат виновни

Сите 35 обвинети на третото судско рочиште за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани денеска се изјаснија дека се чувствуваат невини. Меѓу нив е и првообвинетиот, сопственикот на објектот Дејан Јованов-Деко, неговиот син, Михаил Јованов, како и претставниците на трите правни лица кои се дел од обвинението.

Поголемиот дел од обвинетите во своите изјаснуваат искажаа и сочувство до семејствата на настраданите 63 лица во големиот пожар. Дел од нив посочуваа и дека не сметаат дека треба да се дел од судењето бидејќи не гледаат каде е нивната вина.

Вработените од агенцијата за обезбедување „Рубикон”, која заедно со сопственикот Александар Нацев е дел од обвинетите, и кои дозволиле да се внесе пиротехниката на бендот ДНК, која го запали објектот, денеска се изјаснија дека не чувствуваат вина и ја нагласија својата улога во спасувањето на преживеани во пожарот.

Од обвиненијата се оградија и повеќе локални и државни службеници кои се дел од обвинението, меѓу кои и поранешните министри Ваљон Сарачини и Крешник Бектеши, како и поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски, Николчо Илиев и Љупчо Папазов.

Пожарот во дискотеката Пулс во Кочани се случи на на 16 март годинава. Во него загинаа 63 млади луѓе, меѓи кои и поголемиот дел од бендот ДНК, што настапуваше вечерта, а над 200 беа повредени.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот на ЕУ до Северна Македонија: Спроведете ги уставните измени и реформите

Советот на ЕУ до Северна Македонија: Спроведете ги уставните измени и реформите

Советот на Европската Унија го поздравува фактот што евроинтеграцијата останува стратешка цел на Северна Македонија …