Ситуацијата во Бахмут, Украина, е критична

Ситуацијата во Бахмут, Украина, е критична

Во Бахмут и денеска се водат интензивни борби, соопшти украинската војска на 3 март.

Покрај Бахмут, кој со месеци е епицентарот на битката на истокот, украинската војска се соочила со најмалку 85 напади на руските сили во правец на градовите Лиман, Авдијевка и Шахтарск во Доњецк и во Купјанск. северниот регион Харков, соопшти Генералштабот на украинската војска во својот дневен извештај.

Откако загуби одредена територија од украинските сили во вториот дел од минатата година, Москва започна нова офанзива во украинскиот регион Донбас, со цел да ги потисне украинските сили на неколку локации.

Русија, со пешадија напредува кон Бахмут во обид да го опколи и да ги прекине линиите за снабдување.

Украинските сили под жесток оган во опколениот Бахмут

Украинските власти сугерираат дека нивните трупи можеби ќе треба целосно да се повлечат од Бахмут штом одбраната на градот ќе стане невозможна и да се повлечат на нови позиции на запад и северозапад, каде што се наведува дека Украинците имаат далеку посилни одбранбени позиции.

Володимир Назаренко, еден од командантите на Националната гарда на Украина, за украинското радио изјави дека ситуацијата во Бахмут е „критична“.

Назаренко рече дека украинските сили се обидуваат да им нанесат што е можно поголеми загуби на руските сили пред да се повлечат.

„Секој метар украинска земја чини стотици животи на непријателот“, рече Назаренко.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

Министрите од ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Иран

На состанокот во Луксембург денеска (22 април) министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ …