СЈО: „Бомбите“ на „Ел Чека“ не потекнуваат од кај нас

СЈО: „Бомбите“ на „Ел Чека“ не потекнуваат од кај нас

Ја уверуваме јавноста дека сите аудио-материјали со кои располага ова Јавно обвинителство се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите, се вели во соопштението на Специјалното јавно обвинителство по повод сомнежите во јавноста дека, „бомбите“ кои ги објавува „Ел Чека“ потекнуваат од СЈО.

Тие додаваат дека новообјавените разговори на фејсбук-профилот со псевдоним „Ел Чека“ не потекнуваат од СЈО.

„Воедно, при анализа и обработката на материјалите се постапува согласно со воспоставените интерни правилници и процедури за евидентирање на процесот на преслушување и обработка на материјалите, како и обврската за целосно почитување на принципот на тајност и заштита на приватноста на граѓаните и други лица, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, и со тоа на секое лице да му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот“, велат од СЈО.

Оттаму ги повикуваат сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите да ги достават до СЈО.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …