• Импресум
  • Контакт
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      СЈО почна истрага против Ахмети и Груевски за пропаднатиот попис

      21/3/2018
      Македонија
      СЈО почна истрага против Ахмети и Груевски за пропаднатиот попис

      Специјалното јавно обвинителство денеска објави дека отвора три нови истраги, и тоа „Попис“, „Моќник“ и „Актор“, во кои се сомничат Никола Груевски, Али Ахмети, Антонио Милошоски и повеќе лица од „Актор“ – компанијата која го градеше автопатот Демир Капија – Смоквица.

      Како што објави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, во случајот „Попис“ се почнува истрага против тогашниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот на ДУИ за одлагање на пописот во 2011 година поради политички причини, односно тие се сомничат дека се договориле да го прекинат пописот, бидејќи сметале оти демографските факти нема да им одат во прилог.

      -Воедно, со цел да избегнат одговорност за која од разговорите произлегува дека се свесни дека постои, се договориле причините за стопирање на пописот преку средствата за јавно информирање и преку партиските соопштенија да ги презентираат како проблеми од техничка природа и од некадарноста на државната пописна комисија и Заводот за статистика, иако уште со донесувањето на Законот за попис и законските решенија во истиот се овозможува различно толкување на Законот и неизвесност за законито негово спроведување, што го нотира Еуростат во својот извештај – рече Фетаи.

      Со тоа што не го одложиле пописот за подоцнежно време, туку под нивно влијание во Собранието на Република Македонија е донесен законот за кој престанува да важи Законот, нанеле штета на буџетот од над 175 милиони денари.

      – Преку влијание врз парламентарните групи на двете партии, на 15 октомври 2011 година бил изгласан закон со кој престанува да важи законот за попис. На тој начин потрошените пари до момент на одложувањето, кои се искористени за обука и подготовки, не би биле штета и би биле искористени во одложената операција – рече Фетаи.

      Во случајот „Моќник“, кој се води против, како што рече обвинителката Фетаи, во тоа време многу влијателен пратеник, беа посочени два случаи на кривични дела – продажба на општинската зграда на Општина Пласница во селото Ижишта и за нарачка на лустрација на судијата Драги Билески. Од досегашните извештаи во медиумите, станува збор за Антонио Милошоски, а покрај него се осомничени и неговиот татко, потоа тогашниот градоначалник на Општина Македонски Брод и други лица.

      Фетаи рече дека имало многу кривични дела во постапката со која општинската зграда на Општина Пласница и земјиште станале сопственост на таткото на Милошоски, а во врска со незаконската продажба, потоа првоосмничениот, според обвинителката, нарачал лустрација против кичевски судија. Имено, станува збор за судијата Драги Билески, за кој постои основано сомнение дека бил лустриран по нарачка на Милошоски, бидејќи тој сметал дека го штити градоначалникот на Пласница, Исмаил Јахоски, кој се спротивставил на продажбата. Освен тоа, како што рече  Фетаи, првоосомничениот пратеник нарачал инспекциски контроли во компанијата на Јахоски – „Пуцко Петрол“.

      СЈО почна истраги и за случајот „Актор“, односно за тендерот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, како и за извлекувањето големи суми пари од вработени во компанијата. Првоосомничен во овој случај е тогашниот премиер Никола Груевски, а второосомничен тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и тројца членови на комисија во Министерството и одговорни лица во грчки „Актор“, неговото македонско претставништво и уште две компании за перење пари. Притоа, како што рече Фетаи, Груевски влијаел врз Јанакиески да не биде избрана компанија од Италија, оти во Македонија нејзин претставник бил „комуњар“ а нему повеќе му се „допаѓаат оние од југ“.
      Останатите се сомничат за сокривање на парите.

      Извор: МЕТА

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Груевски: Можеби следната истрага на СЈО ќе биде затоа што некаде сум ручал, па сум платил
      Следно
      Груевски: Можеби следната истрага на СЈО ќе биде затоа што некаде сум ручал, па сум платил
      СЈО го презеде случајот „Монструм“
      Претходно
      СЈО го презеде случајот „Монструм“

      Слично

      • 20/4/2018

        Анѓушев: Прогресивниот данок претставува порамномерен товар на даночната политика

        Анѓушев: Прогресивниот данок претставува порамномерен товар на даночната политика
        20/4/2018

        Шекеринска: Можно е годинава да добиеме покана од НАТО, очекувам

        Шекеринска: Можно е годинава да добиеме покана од НАТО, очекувам поддршка од САД
        20/4/2018

        Продолжуваат активностите за инфраструктурно уредување на „Три багреми“

        Продолжуваат активностите за инфраструктурно уредување на „Три багреми“
      • Не се гледа крајот на реконструкцијата на стадионот во Прилеп
        Не се гледа крајот на реконструкцијата на стадионот во Прилеп
        18/4/2018
      • Прилеп: Советниците дадоа виза за изградба на регионална депонија
        Прилеп: Советниците дадоа виза за изградба на регионална депонија
        10/4/2018
      • Чекајќи го подоброто утре…
        Чекајќи го подоброто утре...
        7/4/2018

      Најчитани

      • СКАНДАЛОЗНО: НИКОЈ ОВДЕ НЕ Е ВРАБОТЕН ОД ШО Е МНОГУ СПОСОБЕН, ТУКУ ОД ШО Е ПАРТИСКИ ЧЛЕН!
        СКАНДАЛОЗНО: НИКОЈ ОВДЕ НЕ Е ВРАБОТЕН ОД ШО Е МНОГУ СПОСОБЕН, ТУКУ ОД ШО Е
        9/12/2016
      • До УЈП поднесена иницијатива за испитување на имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија
        До УЈП поднесена иницијатива за испитување на имотната состојба на пратеникот Димитар Стевананџија
        18/8/2017
      • Прва пресуда против прилепскиот градоначалник: Марјан Ристески осуден на парична и на условна затворска казна во траење од 3 месеци
        Прва пресуда против прилепскиот градоначалник: Марјан Ристески осуден на парична и на условна затворска казна
        19/8/2017
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА