Скомрахи 2024

Ново издание на Скомрахи од 1-ви до 5-ти номври

На 1 ноември во Драмскиот театар – Скопје ќе се изведе претставата „Кралот Иби“ на Алфред Жари од студентите на ФДУ. Настаните на Скомрахи се отворени за публиката, со бесплатен влез

Студентските средби Скомрахи на Факултетот за драмски ументости (ФДУ) и годинава ги обединуваат во Скопје студентите од повеќе европски драмски и филмски академии.

Под мотото „Дионизија сега“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават од 1-ви до 5-ти ноември во повеќе простори во градот – Академската сцена на ФДУ, Драмскиот театар, Албанскиот Театар, Младинскиот културен центар и Котур Кафе и Филм.

Програмата на 32-то издание на Скомрахи 2024 вклучува и  изложба за ре-употреба на театарски „отпад“, колективна перформативна прошетка низ Скопје со Лабораторијата за просторно изведувачки практики „Градот како сцена“, панел дискусија, разговори по претставите и музички настани.

Парлалено на програмата, на ФДУ ќе се одвива и работилница за развој на колективен перформанс кој ќе биде изведен на последниот ден од средбите, а во чие создавање, покрај студентите на ФДУ ќе учествуваат сите учесници на Скомрахи, студенти од  Факултетот за ликовна уметност, Факултетот за музичка уметност и Одделот за дизајн и инженеринг на облека на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ- Скопје, студенти од одделите Циркус и изведувачки уметности и Театарска педагогија на Академијата за уметност Фонтис од Тилбург, Холандија, како и неколку уметници од локалната дрег сцена.

Годинешните Скомрахи, целосно концепирани и програмирани од студентите на ФДУ, се инспирирани од колективното ослободување низ екстатичноста на Дионизиските церемонии. Иако припаѓаат на далечната историја Дионизиите се повеќе стануваат потребни како одговор на затвореноста, исклучивоста и насилството на денешниот свет. Наспроти нив студентите на Скомрахи повикуваат на здружување низ прегрнување на сите наши различности, посебности и противречности. И на колективно ослободување преку свечено заедништво.

На 1 ноември во Драмскиот театар – Скопје ќе се изведе претставата „Кралот Иби“ на Алфред Жари од студентите на ФДУ. Настаните на Скомрахи се отворени за публиката, со бесплатен влез.

Средбите годинава се поддржани од ФДУ/УКИМ, Министерството за култура на РСМ и Europe House.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

МТФ МНТ

Претставата „12“ на МНТ, добитник на награда за уметничко остварување во целина на МТФ „Војдан Чернодрински“

Жири-комисијата на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп во состав од: Лилија Абаџиева, …