обвинителство

Скопјанец е осомничен за намерно предизвикување пожар во просториите на Адвокатската комора на РСМ

Според обвинителството, на 25 ноември осомничениот со умисла предизвикал пожар од поголем обем, загрозувајќи животи, тела и имот од поголеми размери

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека намерно предизвикал пожар во просториите на Адвокатската комора на Република Северна Македонија на улицата „Методија Шаторов – Шарло“.

Против него е покрената постапка за тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик

Според обвинителството, на 25 ноември осомничениот со умисла предизвикал пожар од поголем обем, загрозувајќи животи, тела и имот од поголеми размери.

Осомничениот имал набавено секира, плински боци, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин. Пожарот го предизвикал на начин што прво ја скршил вратата за да може да влезе во просториите, а подоцна ги наредил коцките за потпалување и до нив ги ставил плинските боци.

Пожарот предизвикал значителна штета, проценета на околу десет милиони денари. Непосредно по настанот, осомничениот со своето возило ја напуштил земјата преку граничниот премин „Блаце“ и од тогаш е недостапен за органите на прогонот.
Фактот што тој се крие и е недостапен за органите на прогонот, можноста да го повтори делото или да ја попречи постапката со влијание на сведоците се основи поради кои јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд во Скопје.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Депонијата на Југохром му се заканува на Рашче, подземните води имаат 50.000 пати повеќе шестовалентен хром од дозволеното

Подземните води во околината на депонијата на Југохром се загадени и до 100.000 пати повеќе …