Скопје ќе биде домаќин на светскиот пингпонгарски „крем“

Скопје ќе биде домаќин на светскиот пингпонгарски „крем“

Од 5 до 9 септември, во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи WTT Youth Star Contender Skopje 2023, меѓународен натпревар во пинг-понг на кој учество ќе земат играчи кои котираат меѓу 10-те најдобри пингпонгари во светот.

Во машка конкуренција, на еден месец пред одржувањето на натпреварот пријавени се шестопласираниот и осмопласираниот на ранг листата на најдобрите играчи во светот, Французинот Хуго Дешамп и Чанкг Ју Ан од Тајпеј, како и петорангираната во женска конкуренција, Ли Даун од Јужна Кореја.

Ова е втор натпревар од ваков тип кој го организира пинг-понгарската федерација на Северна Македонија. Првиот се одржа минатата година од 7 до 11 септември, исто така во Скопје.

Прочитајте повеќе

Во среда во Крушево започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“

Во среда во Крушево започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар“

Во среда, 13.08.2025 година во 18 часот започнува меморијалниот турнир во мал фудбал „Сотир Мазар …