Загадување Скопје

Скопје утрово е меѓу десетте најзагадени градови во светот

Главниот град е вториот најзагаден град во Европа

Според утринските мерења во 9.30 часот, Скопје денес е деветтиот најзагаден град во светот. Дополнително, според страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“, Скопје е вториот најзагаден град во Европа, по Сараево, кој моментално е трет најзагаден град во светот.

Другите најзагадени градови се Делхи, Мумбаи и Колката во Индија, Дака во Бангладеш, Лахор и Карачи во Пакистан, Бишкек во Киргистан и Ханој во Виетнам.

Скопје утрово е меѓу десетте најзагадени градови во светот
Принтскрин оф веб-страницата IQAir
Според извештај од „IQAir“ за 2023 година, иако има подобрување од 0,4 микрограми на метар кубен помалку ПМ 2,5 честички во однос на 2022 година, Македонија е сепак втората најзагадена европска држава, зад Босна и Херцеговина.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …