Скопје утрово во сообраќаен колапс поради блокадата на „Слобода превоз“

Речиси сите пристапи кон центарот на градот утрово беа блокирани поради штрајкот на превозниците на крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“. Поради блокадата на една од најфрекфентните крстосници, стотици возила беа заглавени и чекаа во колони, па возачите не можеа на време да стасаат на своите работни места.

„Живеам во Чаир. Се качив утрово во автобус со број 19. Поради метежот, возачот ја смени трасата и сврте на детелинката по „Никола Карев“ (Пластичарска). Таму беше „тргни-застани“. Потоа сврте на крстосницата кај Американската амбасада, па преку Кале стаса до мостот „Гоце Делцев“, каде што воопшто немаше застој во сообраќајот“, вели скопјанецот С.С.

Приватните превозници вклучени во јавниот линиски превоз, утрово целосно ги блокираа сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Повеќе од 200 возачи од приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, ја блокираа крстосницата со повеќе од 30 автобуси.

Овие превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг од Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Бараат да им се исполнат барањата кои ако не се решат во наредните денови, блокадите ќе се прошират и на други делови од сообраќајниците во Скопје. За денеска е најавена и средба на претставници на „Слобода превоз“ и на ЈСП Скопје, а приватните превозници најавија дека ќе присуствуваат и на седницата на Советот на Град Скопје.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …