Скопје веќе оградено поради посетата на Папата, важат посебни правила на движење

Скопје веќе оградено поради посетата на Папата, важат посебни правила на движење

Последните неколку дена, централното градско подрачје во Скопје се оградува поради посетата на папата Франциск утре, кога ќе важат посебни правила на движење со зголемени мерки на безбедност на највисоко ниво.

Централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „голем ринг”, утре од 06 часот до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје, со цел непречено одвивање на истиот.

„Граѓаните коишто живеат во централното градско подрачје, во зоната Голем ринг, доколку сакаат да ги користат своите возила утре апелираме истите да ги извадат надвор од Рестриктивната зона денеска во спротивно истите нема да можат да ги извадат од зоната за време на посебниот сообраќаен режим.Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни“, апелираат од Влада.

Од таму исто така препорачуваат граѓаните да го користат јавниот автобуски превоз кој ќе биде бесплатен.

Бидејќи и пристапот до аеродромот во одредени интервали ќе биде затворен, се апелира до граѓаните да се информираат кога ќе може да пристапат и порано да тргнат.

„Апелираме до сите граѓани кои ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ за учество на литургијата на папата Франциск, да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот потребно е да се чува со себе се до крајот на литургијата.Пешачките мостови на реката Вардар (Камениот мост, Мостот Око и Мостот на уметноста) ќе бидат целосно затворени за движење, како и Кејот ,,13 Ноември” од двете страни на реката“, се додава во соопштението од Влада.

Сите граѓани кои живеат или работат околу Плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација.

Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребна влезница за учество на литургијата. Пристапот за моторни возила, велосипеди, мопеди и слично е забранет во обезбедената зона „Мал ринг“.

Скопје веќе оградено поради посетата на Папата, важат посебни правила на движење

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …