Скопската градоначалничка се пожали на директни закани од Мицкоски

Скопската градоначалничка се пожали на директни закани од Мицкоски

Скопската градоначалничка Данела Арсовска се пожали на сериозни закани кои кон неа ги упатувал лично и директно, од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од партијата на Мицкоски изразија сомнеж за, како што велат, психичката состојба на скопската градоначалничка.

„Сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно со зборовите, „доколку не го направиш ова, ќе ти се случи тоа и тоа“, „Во првиот момент кога ќе станам премиер ќе те влечеме по улици, ќе го бришеме подот со тебе“. Верувам дека не жена, ниту еден човек не треба да биде ставен под таков притисок. На оној што ги искажува овие закани не треба да му се дозволи ниту еден момент да биде во функција, во која што ќе може да ги исполни овие закани“, изјави Арсовска во вечерашното гостувањето на Канал 5 телевизија.

Притоа демантираше дека остварила тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски, како што обвинуваа од ВМРО-ДПМНЕ и порача дека не планира да се повлече од функцијата.

„Успеа Мицкоски да излезе во медиумите и да каже дека нема да бара моја оставка, но дека не сме занеле што ќе ми донесе животот и граѓаните ова треба да го осудат. Доколку мислиле дека со ваков притисок ќе предизвикаат да се повлечам, тоа нема да го сторам“, рече Арсовска.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак преку писмено соопштение изрази сомнеж за, како што се наведува, психичката состојба на Арсовска, по изјавите за заканите од Мицкоски.

„Крајно сме загрижени за психофизичката состојба во која се наоѓа градоначалничката Арсовска. Сметаме дека постојат основани сомнежи, кои се манифестираат во континуитет неколку месеци наназад, за здравствената способност таа да ги извршува надлежностите што ѝ се доверени. Арсовска има должност, со оглед на тешките последици врз скопјани што се предизвикани од нејзината деструктивност и компулсивност, да ѝ достави на јавноста релевантен лекарски доказ од кој ќе се увиди дека таа е навистина психички здрава личност“, се наведува во партиското соопштение.

Арсовска победи на ланските локални избори за градоначалничка на Скопје како независен кандидат, но со поддршка на опозицијата. Сепак пред неколку месеци таа ја изгуби поддршката на ВМРО ДПМНЕ, по директорсите смени во Водовод и наводите за местење тендер, а потоа и со протестите на автобуските превозници. ОД ВМРО ДПМНЕ побараа да си даде оставка.

Прочитајте повеќе

Со ваква младина, секоја држава се плаши за својата иднина

Со ваква младина, секоја држава се плаши за својата иднина

Пишува: Сотир Габелоски Се’ оди надолу за младите ширум Европа: благосостојба, среќа, права… Затоа десницата …