Скопската Итна помош доби шест нови возила

Скопската Итна помош доби шест нови возила

Министерството за здравство денеска предаде во употреба шест од 12-те нови амбулантни возила што беа набавени преку тендер во декември минатата година. Тие ќе се користат од Службата за итна медицинска помош во Здравствен дом Скопје, а другите шест ќе се предадат на здравствените домови во Струга, Дебар, Кичево, Крушево, Крива Паланка и Берово, извести „Порталб“.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешниот настан исто така најави нови вработувања во службите за итна медицинска помош во периодот што следува, за да се разреши вториот горлив проблем на овие служби, недостиг на кадар. Најголемиот проблем на Итна помош се секако старите и дотраени возила.

– Службата за итна медицинска помош во изминатиот период се соочуваше со многу проблеми и решивме систематски да ги решаваме. Еден проблем е недостигот на возила, а има и недостиг на медицински персонал и ќе се решава со вработување на млади лекари со лиценци коишто се невработени – рече Филипче.

Министерот за здравство рече дека на денешната владина седница се очекува да се донесе одлука за преземање на осумте комбија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои ќе се пренаменат.

– Тие се во солидна состојба и нема да се користат за теренска работа, туку само за транспорт на пациенти – изјави министерот за здравство, објаснувајќи дека може да се набават дополнително уште нови возила за Итна помош, бидејќи има неискористени пари од алатките предвидени за оваа намена.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …