Следните 15 дена во Црна Гора задолжително e носењето заштитни маски

Поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот во Црна Гора во следните 15 дена ќе биде задолжително носење заштитни маски. Здравствените власти исто така упатија апел до граѓаните да се вакцинираат против ковид-19, пренесе црногорскиот портал Вијести.

Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека е воведено задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, продавници за храна, аптеки и бензински пумпи, поради зголемувањето на бројот на заболени и хоспитализирани лица. Исто така, задолжително е носењето на маски на црногорските аеродроми, автобуските и железничките станици.

Галиќ рече дека Институтот ќе ја следи епидемиолошката состојба и ќе предложи нови мерки согласно добиените податоци.

Вчера, како што пренесе Португал Резиденс и властите во Португалија одлучија дека носењето заштитни маски во јавниот превоз поради ковид-19 ќе остане задолжително барем до крајот на август, со цел да се заштитат претставниците на ризичните групи.

„Носењето маски во јавниот превоз е најсериозната мерка во сила и мора да остане за заштита на најранливите делови од населението“, рече Маријана Виеира, портпаролка на Владата на прес-конференција.

Кај нас, иако важи мерката за задолжителни маски во јавниот превоз и во аптеките и здравствените установи, оваа мерка ретко се почитува.

Она што може да се забележи од дневните извештаи на Министерствотто за здравство, е дека бројот на позитивни тестирања на корона вирус континуирано расте и дневно достигнува речиси 50 проценти.

Прочитајте повеќе

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

Од црногорскиот завод подоцна информираа дека по главниот земјотрес, следувале уште 30 помали Земјотрес со …