Сончево топло време

Следува период на стабилизирање на времето и повисоки температури

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 23 до 35 степени Целзиусови, а УВ=8.

Од утре, следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица.