СЛОБОДА, ЕДНАКВОСТ И СОЛИДАРНОСТ

Пишува: Перо Костадинов

Социјалдемократијата најчесто се смета за прагматичен компромис помеѓу капитализмот и социјализмот. Како карактеристична политичка мисла и идеологија која пропишува употреба на демократска колективна акција за проширување на принципите на слобода и еднаквост.

Во суштина се работи за умерена доктрината, која генерално се залага за државно регулирање кога е неопходно, наместо државна сопственост на средствата за производство и опсежни програми за социјална заштита.

Повеќе од било кога, социјалдемократијата како политичка доктрина е потребна денес. Станува неопходно, слободата, еднаквоста и солидарноста да се основни вредности постулати, за ефикасно да се справиме со кризите пред кои сме исправени.

Потребно е да ја спроведиме праведноста во заедница денес, повеќе од било кога претходно. Да превземеме обврска и да се заложиме еден за друг како луѓе. Оваа обврска, се однесува на односот меѓу индивидуите, но пред се на државата кон граѓаните. Говорам за обврска која спаѓа во темелите на моралот воопшто и темелен услов за зачувување на мирот и благосостојбата во општествата денес.

Социјалдемократијата се јавува како единствен концепт која може соодветно да се справи со предизвиците со кои сме соочени. Како потврда на ова се и неколкукратните пакети мерки на Владата предводена од СДСМ кои ја потврдуваат посветеноста на слободата, еднаквоста и солидарноста како врвни вредности за креирање праведно општество.

Само последниот сет антикризни мерки, содржи конкретни чекори насочени кон најранливите категории граѓани; таргетирана поддршка за јавни и здравствени установи; поддршка на компаниите; инвестиции во енергетска ефикасност и обновливите извори на енергија. Насочена е поддршка за граѓаните и за фирмите, како и за стабилизирање на цената на храната. А, со нив, е осигурано одржувањето на макроекономската и фискалната стабилност.

Новиот пакет мерки за справување со енергетската и ценовната криза, ја имаат во предвид пролонгираната енергетска криза како и ценовните притисоци, особено за ранливите категории граѓани. Вкупниот фискален ефект од новиот сет мерки е проценет на 22,2 милијарди денари, односно 360,2 милиони евра.

Особено учество во концептот кој стреми кон солидарно и праведно општество, имаат мерките за помош на социјално ранливите категории на граѓаните и за корисниците на ниски пензии, како мерки за заштита од прагот на сиромаштија на ова категорија граѓани. Парична помош ќе добијат родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст, лицата со попреченост, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители кои се невработени, стечајни работници и др. Финансиската поддршка за овие категории на граѓани, предвидува да опфати 41 878 лица.

Покрај ова, вклучени се и мерки за субвенционирање на цената на електрична и топлинска енергија за домаќинства и малите потрошувачи. Планирани се и повисоки субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор и зголемено субвенционирање на сите гранки во земјоделието. Создаден е интервентен фонд, за производителите на млеко, вино, саден материјал, овошје и зеленчук. Исто така, предвиден е и поголем поврат на средства преку мерката Мој ДДВ, за што се обезбедени дополнителни 1 100 000 000.

Ова се само дел од чекорите кои ја отсликуваат социјалдемократичноста на власта и кои обезбедуваат поддршка за сите општествени структури, преку принципите на рамноправност и солидарност. Секојдневно се негува и зајакнува солидарноста кон граѓаните, обезбедена е енергенска стабилност на земјата, се инвестира во социјалната правда и ниту еден човек не се остава сам на себе.

Социјалдемократскиот сојуз потврдува дека е партија која носи позитивни промени во општеството, ги вклучува сите целни групи, ја гарантира демократијата во државата и е единствен политички потенцијал кој ја обезбедува праведноста во заедницата.

Прочитајте повеќе

Делегација на СДСМ

Делегација на СДСМ предводена од Зечевиќ-Вардарски му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, заедно со пратеничката Даниела …