СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ, претседател на ССМ: За платите кои ги добиваат работниците се и премногу продуктивни

СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ, претседател на ССМ: За платите кои ги добиваат работниците се и премногу продуктивни

Изјава на Слободан Трендафилов, претседател на Сојуз на синдикатите на Македонија

Најголема манипулација на Владата и стопанствениците е дека работниците не се продуктивни, затоа што кога зборуваат за продуктивност, секогаш зборуваат како само работниците да ја креираат истата, а не е така.

Вложувањето, односно инвестициите во нови технологии, во дигитализација и автоматизација, инвестициите во напредна технологија, машини и алати се главниот двигател на продуктивноста, а работниците се продуктивни толку колку што се платени.

За тие плати дури се и премногу продуктивни, па Владата и стопанствениците можат да замислат колку ќе се зголеми продуктивноста доколку ги зголемат платите на работниците.

Но, очигледно не им е тоа целта. Целта им е преку изговорот за ниска продуктивност да нема скоро никакви зголемувања на платите во наредниот период.

Но, работниците продуктивноста ја мерат различно од тоа како ја мерат во Владата и како ја мерат работодавачите. Својата продуктивност работниците ја мерат со тоа што гледаат колкави добивки, автомобили, куќи, одмори и други луксузи им овозможиле на газдите со својот труд. Односно, својата продуктивкост ја мерат кога гледаат како уживаат околу 1.000 функционери и 65.000 сопственици на компании на работничкиот грб и од работничката пот.

Работникот го вложува својот труд за да ја заработи својата плата, да заработи за својот работодавач и да заработи за фунционерите и често се прашува колку се продуктивни фунционерите со 78% зголемени плати, колку се продуктивни стопанствениците и дали тие за својата скоро никаква продуктивност го обвинуваат работникот.

Прочитајте повеќе

Репортажа од Норвешка: Еден билет за автобус, трамвај, метро, па дури и брод – како функционира јавниот превоз во Осло?

Репортажа од Норвешка: Еден билет за автобус, трамвај, метро, па дури и брод – како функционира јавниот превоз во Осло?

Во главниот град на Норвешка, Осло, со еден единствен билет можете да возите од автобус …