Словенија целосно застанува зад Северна Македонија преку поддршка за старт на преговорите до крајот на годината

Министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска е во официјална посета на Република Словенија, на покана на Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар. Стартот на посетата беше означен со средба меѓу двајцата хомолози.

Покрај развојот и потенцијалите на билатералните односи, во разговорот доминираа темите поврзани со европската агенда на Северна Македонија, новата методологија, тековните дискусии за преговарачката рамка за земјата, како и за нашите очекувањата за одржување на првата Меѓувладина конференција до крајот на годинава во рамки на Германското претседателство со ЕУ.

„Да бидам искрен, нашите очекувања се високи. Сметам дека со право и ние, и граѓаните очекуваме финализација на преговарачката рамка и одржување на Меѓувладината конференција за време на Германското претседателство со ЕУ, со што и формално ќе ги започнеме пристапните преговори за членство со Унијата до крајот на оваа година. “, истакна Османи, упатувајќи притоа благодарност до колегата Логар за континуираната и безрезервна поддршка која Словенија и ја пружа на Северна Македонија за нејзините европски амбиции.

„Ние сме свесни дека за оваа одлука, како и за многу наредни, ќе треба постојано да ја имаме поддршка од сите нашите пријатели внатре во ЕУ, вклучувајќи ги тука и нашите соседи Грција и Бугарија. Верувам дека по примерот и на другите земји кои пристапија во Унијата во последните две децении, како што е впрочем и Словенија, со позитивен пристап и отвореност ќе ги надминеме предизвиците и со нашите пријатели од Бугарија, и нема да дозволиме да биде загрозена европската перспектива на регионот.“, истакна Османи, информирајќи го притоа Министерот Логар за засилената активност на државата по ова прашање, изразена и преку неговата посета на официјална Софија, како и засилената активност на работата на Мешовитата комисија за историски прашања.

Министерот Логар ја реафирмираше силната поддршка на Словенија за нашите евро-интеграции и изјави дека организирањето на првата Меѓувладина Конференција до крајот на годината со нашата земја ќе претставува единствен логичен исход и валоризација на сите реформски напори на Владата на Северна Македонија и на нејзината конструктивна политика во односите со соседите.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …