Словенија Љубљана

Словенија добива левичарско-либерална влада, Роберт Голоб избран за премиер

Словенечкиот парламент синоќа со 54 гласа „за“ го избра Роберт Голоб, предводник на либерално-зеленото Движење Слобода за нов словенечки премиер којшто доаѓа на местото на Јанез Јанша, јавува весникот Индипендент. Изборот на Голоб доаѓа откако неговото движење како победник на парламентарните избори вчера потпиша коалициски договор со Социјалдемократите на Тања Фијон и партијата Левица на Лука Месец.

Во посебно гласање во законодавниот дом, словенечките пратеници ќе треба наредната недела да ја изгласаат и новата влада на Словенија. Самиот Голоб вети дека рокот за формирање на новата влада е 3 јуни.

Во своето обраќање пред пратениците, премиерот Голоб изјави дека Словенците сакаат да живеат во нормална држава, а не во постојана неизвесност која што ја имаат последниве две години.

Меѓу приоритетите на новата влада, Голоб вети дека здравството мора да биде јавно и достапно за сите граѓани. Идната словенечка влада засега нема да има три министерства повеќе, бидејќи партијата СДС на Јанез Јанша бара одржување на консултативен референдум во однос на ова прашање. Поради потребата од одржување на референдумот, новите три министерства ќе бидат формирани во текот на летото, а премиерот Голоб вети дека едно од нив ќе биде Министерството за клима и енергетика.

Новата словенечка коалиција има за цел да формира и посебно Министерство за високо образование, наука и иновации кое ќе се издвои од постојното Министерство за образование. Третиот предлог за ново министерство е Министерството за солидарна иднина, кое би се издвоило од постојното Министерство за труд, семејство и социјала.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …