Случајот „Монструм“ останува кај обвинителите Фетаи и Бубевски

Случајот „Монструм“ останува кај обвинителите Фетаи и Бубевски

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, за предметот „Монструм“, ги овластил истите обвинители кои и до сега го застапуваa, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Судењето за случајот „Монструм“ ќе продолжи утре, а Фетаи и Бубевски бидејќи се вратија во ОЈО Скопје, оттаму ќе го застапуваат случајот.

Во Јавно обвинителство продолжуваат постапките за распределба на предметите, при што, како што наведуваат од таму, судските постапки нема да се одложат. Јовески најави дека приоритет во распределбата ќе имаат случаите за кои веќе се води судска постапка.

Советот на јавни обвинители вчера го констатира престанокот на мандатот на обвинителите во СЈО и ги распредели во матичните обвинителства.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …