Смртоносна предбожиќна парада во Висконсин

Смртоносна предбожиќна парада во Висконсин

Возило влета во толпа луѓе на парада во предградие на Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин. Властите во Ваукеша јавија за најмалку пет загинати и повеќе од 40 повредени. Едно лице е приведено.

Најмалку пет лица настрадаа, а повеќе од 40 се повредени кога возило влета во толпа луѓе собрани на предбожиќната парада во американската сојузна држава Висконсин, соопштија синоќа градските власти.

Градската управа на Ваукеша доцна синоќа објави на својата социјална мрежа дека загинале најмалку пет лица, а повеќе од 40 се повредени, додавајќи де сѐ уште се собираат информации.

Во соопштението на градските власти се додава дека многу луѓе самите се одвезле до болница.

Парадата била во тек кога теренско возило ја срушило оградата и се упатило кон главната улица. Возилото соборило над 200 лица, меѓу кои имало и деца, и имало повеќе повредени во инцидентот, изјави шефот на полицијата Ден Томпсон, на конференција за новинарите.

Едно лице во притвор

Властите сѐ уште се обидуваат да соберат информации за овој инцидент која се случи вчера во 16 часот и 30 минути по локално време во градот Ваукеша, во северниот дел на Висконсин, каде секоја година се организира предбожиќна парада.

Шефот на полицијата, Ден Томпсон, изјави дека „лицето од интерес“ е во притвор без да даде дополнителни детали за него и за можниот мотив. Полицијата го пронашла возилот и и во тек е истрага, соопштија официјалните лица наведувајќи дека властите идентификувале едно лице во рамки на истрагата, кое се наоѓа во притвор. Училиштата во градот денеска нема да работат и некои патишта ќе останат затворени додека трае истрагата, рече Томпсон.

Белата Куќа понуди помош

Според очевидците, возилото влетало во парадата зад група училишни музичари.

Американскиот претседател, Џо Бајден, е известен за инцидентот, соопшти Белата куќа додавајќи оти следат што се случува и дека се во контакт со локалните власти на кои им е понудена помош.

Инцидентот се случи на крајот на крајот на бурната недела во Висконсин кога беше завршено судењето на кое е ослободен младиот Американец Кајл Ритенхаус, на кој му се судеше за убиство на двајца мажи минатата година за време на немирите и демонстрациите против полициско насилство во Кеноши, место кое се наоѓа на околу 80 километри до Вокши.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Страв и фрустрација во Иран по нападот врз Израел

Светските лидери го осудија големиот ирански напад врз Израел, а многу Иранци се загрижени дека …