Изјава на директорката на ООУ „Гоце Делчев“- Прилеп, Снежана Котева, за завчерашниот инцидент со ученикот кој падна низ прозорец од вториот кат на училиштето
Во текот на завчерашниот ден во попладневната смена за време на големиот одмор се случи пад на ученик од вториот кат на училиштето.
Веднаш по известувањето за случката отидовме на местото и ученикот беше во контактибилна состојба, свесен временски и просторно.
Во истиот момент од моја страна е повикана единица за итна медицинска помош, која интервенираше веднаш. Потоа ученикот е транспортиран со амбулантно возило до одделението за анестезија и трауматологија, во општата болница ,,Борка Талески” – Прилеп во наше присуство мое и на класниот раководител.
По одредени испитување добиена е препорака за транспорт на ученикот во државната болница ,,Мајка Тереза”- оддел клиника за детска хирургија како придружба на мајката во периодот на хоспитализацијата на ученикот и дополнителните испитувања присутни бевме јас, како раководител на институцијата и класниот раководител на ученикот.
Касно околу полноќ од дежурниот лекар на клиниката за детска хирургија добивме информација дека ученикот е во добра општа здравствена состојба, контактибилен, со одредени повреди но е надвор од животна опасност и е во стабилна здравствена состојба.
Сакам да истакнам дека станува збор за ученик кој е беспрекорно послушен, дисциплиниран, воспитан, одмерен, дружељубив, трудољубив, редовен ученик со одличен успех и примерно поведение.
Од страна на вработените во училиштето е постапено навремено и правилно. Дежурните наставници најодговорно ја извршуваат својата обврска, во однос на дежурствата и присуството во ходниците во училиштето, почитувајќи го кодексот на однесување.
Моменталната состојба после обавениот разговор во текот на денешниот ден со родителот е стабилна и под контрола.