Со акција за засадување садници, ќе биде одбележан Светскиот ден на џудото

Светскиот ден на џудото, 28.Октомври, македонската Џудо федерација ќе го одбележи во недела на 27 октомври, во 11.00 часот со засадување садници кај манастирот „Св.Димитрија“, во близина на прилепското село Селце.

Од Џудо федерацијата на Северна Македонија упатуваат апел до сите џудо клубови да се вклучат во одбележувањето на овој ден со засадување садници во општината во која клубовите гравитираат.

„Денес, повеќе од 40 милиони луѓе практикуваат џудо низ целиот свет. Ова потенцијално претставува голем број дрвја што можат да се засадат на сите сттрани од планетата Земја. Знаејќи дека годишните времиња не се исти насекаде во исто време, ИЏФ сега го започнува овој проект со цел да им овозможи на сите џудисти да бидат вклучени. Исто така, свесни за симболичното значење на ваквата програма, ИЏФ ги поканува сите да земат учество и да ги едуцираат најмладите за зачувувањето на животната средина“, велат од македонската Џудо федерација.

Прочитајте повеќе

Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ севкупен победник на меѓународната регата во Бугарија

Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ – Струга изминатиот викенд, на 23 и 24 септември, учествуваше на …