Ѓоковиќ

Со дозвола за медицинско изземање, Ѓоковиќ ќе игра на Аустралијан опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ соопшти дека ќе игра на Австралијан опен откако дозвола од организаторите да настапи со медицинско изземање за вакцинација.

„Поминав фантастично време со моите сакани за време на паузата и денеска патувам за Австралија со дозвола за медицинско изземање“, напиша Ѓоковиќ на Твитер, 14 дена пред почетокот на првиот Грен слем турнир во тениската сезона.

Директорот на тенискиот турнир во Мелбурн Крег Тили претходно кажа дека тенисерите мора да бидат целосно вакцинирани или да имаат медицинско изземање.

Џоковиќ, кој се бори за рекордна 21. Грен слем титула во Мелбурн, претходно сигнализираше дека се противи на вакцината. Тој поднесе барање до независна комисија од експерти за медицинско ослободување, но никогаш не кажа кои се неговите медицински проблеми.

Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер се изедначени со по 20 Грен слем титули. Надал ќе се натпреварува во Мелбурн откако ќе се опорави од ковид 19. Федерер нема да биде на турнирот бидејќи продолжува да се опоравува од операцијата на коленото.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …